Петок, 15 Ноември 2013 14:16
Во петок 15.11.2013 година во Делчево се одржа 14-та седница на Надзорниот и Извршниот одбор на Здружението на комунални инспектори на Република Македонија.
Во рамки на посетата на Делчево претставници од наведените тела на ова здружение имаа кратка посета на кабинетот на Градоначалникот Шехтански, при што накратко продискутираа за активностите на здружението согласно тековната законска регулатива, како и актуелни случувања на организационо ниво на самото здружение.
Градоначалникот Шехтански пред присутните ја истакна улогата и огромното значење на инспекторската служба во локалната самоуправа воопшто, при успешното функционирање на општинската администрација воопшто и исполнување на предвидените надлежности според потребите на самите граѓани секако во рамки на тековната законска регулатива.
14-та седница на Надзорниот и Извршниот одбор на Здружението на комунални инспектори на Република Македонија која започна во 13.00 часот се одржа според сл.
ДНЕВЕН РЕД
1.Усвојување на Записникот од претходниот состанок
2.Поднесување на информација во врска со донесениот Закон за инспекциски надзор (Сл. весник на РМ бр.50/10;162/10;157/11 и 147/13), како и Предлог измените на Закон за комунални дејности, Закон за јавна чистота, Закон за гробишта и погребални услуги како Закон за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води.
3.Поднесување на извештај од регионалните координатори за ажурирање на списокот на комунални инспектори-членови на ЗКИ на РМ.
4.Донесување на Одлука за предложување на можни кандидати за делегати на Собранието на ЗКИ и за членови во извршните и надзорните органи на здружението, согласно со Годишната програма за работа на здружението.
5.Разно.
Пред состанокот инспекторите заедно со дел од Одделението за инспекциски надзор беа во кратка прошетка во Делчево и на неколку работни посети поврзани со работата на самото одделение од нашиот град.