Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

quiz cards

Во петок (15.11.2013 година) во Делчево  во просториите на ООУ Св.Климент Охридски Делчево се одржа 29-тиот општински противпожарен квиз натпревар за учениците од основните и средните училишта. Овој натпревар е организиран од противпожарното друштво на Република Македонија. На овој натпреварр зедоа учество вкупно 11 екипи од кои пет од младинска група и шест од пионери, од основните и средните училишта од Делчево и Македонска Каменица. Од младинската група за пласман на регионален натпревар се избори една од екипите на СОУ ММ Брицо Делчево а од квизот за пионери на регионален натпревар ќе оди една од екипите на ООУ Св. Климент Охридски – Делчево.

Местото на одржување како и датумот за регионалниот натпревар ќе биде познат во текот на наредната седмица.

Share/Save/Bookmark