Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Ги покануваме сите граѓани на Општина Делчево да присуствуваат на големиот традиционален собор по повод празникот Св. Архангел Михаил кој секоја година се одржува кај истоимената црква во село Драмче на 21.11. година.

Оваа година манифестацијата ке започне во 12.00 часот на пладне, при што ке биде приредена богата меѓународна програма со изворен фолклор од регионот на Пијанец и пошироко.

Општина Делчево и Градоначалникот Дарко Шехтански како дел од неговите програмски определби за унапредување и развојот на културата во нашата општина, ја подржува оваа манифестација во рамки на сопствените можности, со што допринесува кон афирмацијата на традиционалните вредности на нашиот народ.

Овогодинешниот собор во село Драмче се реализира во знак на одбележувањето на 65 годишнината од формирањето на Фолклорната група Копачка од с.Драмче, како и во прилог на активностите за заштита на орото Копачка како светко културно наследство на човештвото под закрила на  УНЕСКО.

Исто така во овој контекст информираме дека традиционалниот собор во село Драмче е дел од календарските активности на Општина Делчево за подршка и организација на повеќе традиционални собори значајни за нашата општина.

Овие активности се реализираат заедно во соработка со месните и урбаните заедници и други формални и неформални групи на граѓани, со што на нашата општина и се дава посебен белег на препознатливост по живото културно наследство, кое е гордост на Пијанец и Делчево.

Share/Save/Bookmark