Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Ги информираме граѓаните на Општина Делчево дека во среда со почеток во 12.00 часот на пригодна свеченост ке биде поставен камен темелник на четири нови простории при Детската градинка Весели Цветови. Со овој чин ке започне реализацијата на теренските активности на долгоочекуваниот  проект за  доградба на простириите на детската градинка во Делчево со што ке се овозможи поголем број на деца да бидат прифатени во рамки на работните програми на оваа предшколска институција.

На свеченоста ке бидат присутни Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански, Претседателот на Советот на Општина Делчево, Драган Христов, како и други претставници на локални и национални институции. 

Share/Save/Bookmark