Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Во петок 16.05.2014  година ( петок) ке се одржи Петнаесеттата  седница на Советот на Општина Делчево според следниот 

Дневен ред

            -Усвојување на Записникот од 13.седница

1.Предлог-Одлука за доделување на награда на ученици од IV години од СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;

Образлагач: Сузана Петровска-Раководител на Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.

2.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делечво за 2014 за квартал 1 со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за финансиски прашања.

3.Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источно-планскиот регион 2009-2013 со Заклучок за усвојување;

4.Годишен извештај за работењето на Источно-планскиот регион 2009-2013 со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Дарко Шехтански-Градоначаланик на Општина Делчево.

5.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект во урбанистичко-планска документација на лицето Стојче Георгиев;

6.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект во урбанистичко-планска документација на лицето Љупчо Атанасовски;

7.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект во урбанистичко-планска документација со намена Б1 на лицето Венцо Јанкуловски;

8.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект во урбанистичко-планска документација на лицето Венцо Јанкуловски-помошен објект;

Образлагач: По точките 5,6,7 и 8-Стојмир Мицевски-Самостоен референт за сообраќај и патишта.

9.Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка Детален урбанистички план за една градежна парцела во Централно градско подрачје блок М1 г.п. бр. 01,36, к.п. бр.6685/34 ул. „Светозар Марковиќ“ Делчево-измена и дополна 2014-2019;

10.Предлог-Одлука за донесување на  Предлог - Детален урбанистичи план за  централно градско подрачје УЕ 2 дел од блок 2,2 измена и дополна 2013-2018г  Општина Делчево со опфат од 1,23 ха ,изработен од ,, ЗУМ ПРОЕКТ,, Скопје т.бр. 16/13-У од јануари 2014 год.;

Образлагач: По точките 9 и 10 – Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам, уредување на градежно земјиште, заштита на животната средина и ЛЕР.

11.Прашања и предлози на членови на Совет.

Почетокот на седницата е закажан за 14.00 часот

Share/Save/Bookmark