Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

IMG resize

 Вторник, 08.07.2014 година со почеток во 14:00 часот во новата зграда на Полициската станица од општа надлежност Делчево, Советодавната група граѓани на Општина Делчево оддржа состанок  во рамки на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население“ имплементиран од страна на ОБСЕ - Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното население, кој се имплементира на територијата на Република Македонија.

IMG 2158_resize IMG 2159_resize

IMG 2160_resize IMG 2161_resize

Целта на состанокот на СГГ е подигање на јавната свест кај граѓаните за ризиците и опасностите кои претстојат во наредниот период  од предизвикување на пожари на отворен простор. Полицијата преку патролните служби на терен организира средби со граѓаните на кои што ги информира за ризиците и опасностите кои што постојат од предизвикувањето на пожарите на отворен простор.

 Во превенцијата за спречување на пожари на отворен простор со разни мерки и со сите расположиви сили, технички и човечки се вклучуваат сите надлежни институции во општината: Полициската Станица Делчево, Регионалниот центар за гранични работи – Исток,  Јваното претпријатие за шумско стопанство „Голак“,  МЗШВ, РЦУК.

 По однос на втората точка од дневниот ред беа разгледани двете под точки Забрана за риболов на реката Брегалница, Закон за рибарство и аквакултура.


 

Share/Save/Bookmark