Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Вторник, 15 јули 2014 година со почеток во 11:00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се оддржи втората сесија на Форумите во заедницата во Општина Делчево од проектот План за управување со речниот слив на реката Брегалница.

На втората форумска сесија ќе бидат презентирани и образложени петте концепти за предлог проекти кои беа дефинирани на првата форумска сесија.

5-те концепти за предлог проекти кои беа предложени од страна на учесниците а за кои ќе се гласа на оваа форумска сесија се :

  1. Регулација на речното корито на р. Брегалница;
  2. Изградба на филтер станица за чиста вода за пиење;
  3. Третман на отпадни води;
  4. Водоснабдување на зимскиот туристички центар Голак;
  5. Канализационен систем со колекторски систем за отпадни води за зимски туристички центар Голак.

Последните два предлога се од страна на општинската администрација, во Општина Делчево.

По повод организирањето на форумските сесии Општина Делчево ги поканува да земат свое учество сите граѓани во Општина Делчево со цел да го дадете Вашиот придонес за што по транспарентно спроведување на процесот и избор на проект кои е од интерес на граѓаните на Општина Делчево.


Градоначалник
Дарко Шехтански

 



Share/Save/Bookmark