Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2205_resize IMG 2204_resize

Деновиве и официјално беше пуштено во употреба детското игралиште во урбаната заедница 1ви реон, населба Стрелиште. Станува збор за уредување и ревитализација на јавна површина која во годините наназад постепено била претворена во дива депонија исполнета со смет и обрасната со трева.

Се работи за површина на уреден простор за детско игралиште од P=940 м2, градежните работи на терен беа изведени од страна на екипи на јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево, извршено е оградување на детското игралиште и поставена е урбана опрема  со спортски реквизити и клупи за седење со што овој простор од една дива депонија е претворен во катче каде што секојдневно жителите од овој дел од градот ќе можат да го минуваат слободното време со своите деца.

IMG 2203_resize IMG 2201_resize

IMG 2216_resize

Во меѓувреме ќе се отпочне со работа за поставување на осветлување на детското игралиште, воедно предвидено е  да се отпочне и со расчистување на вегетацијата по тротарите долж бул. Маршал Тито во  потегот од касарната кон населбата Стрелиште во урбаната заедница 1-ви реон Делчево.

состојба во време на работа IMG 2015_resize

                     СОСТОЈБА ПРЕД УРЕДУВАЊЕ     и    СОСТОЈБА ВО ВРЕМЕ НА РАБОТА

Share/Save/Bookmark