Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2198_resize

Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански заедно со дел од вработените од одделението за урбанизам, уредување и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина, инспектор од одделението за инспекциски надзор при ЕЛС Делчево и директорот на ЈПКД „Брегалница“ беа во редовна посета на урбаната заедница 1-ви реон, населба Стрелиште.

IMG 2197_resize IMG 2190_resize

IMG 2193_resize IMG 2195_resize

Овие посети се дел од програмата за работа на градоначалникот и се со цел блиски средби со граѓаните преку кои тој директно се запознава со проблемите на месното население а воедно и врши увид во сработеното со започнатите проекти.

При посетата на населбата Стрелиште на ден 11.07.2014 (петок), градоначалникот имаше можност одблиску да се запознае со работите кои се одвиваат на терен, односно станува збор за дислокација на постоечка цевка за водовод на улицата Голем Рид, која до моментот беше лоцирана во приватен имот а со интервенцијата од страна на екипите на ЈПКД „Брегалница“ старата цевка беше заменета со нова во должина од 20 метри со дијаметар 65цм = Ø65 и беше поставена на општинско земјиште.

IMG 2206_resize IMG 2217_resize

Воедно од страна на комуналниот инспектор е најавено чистење на тротоарите од обрасната трева, кроење на надвиснатите дрвја и дислокација и опоменување за населението  за механизацијата која е расположена  долж булеварот Маршал Тито на потегот од касарната до населбата Стрелиште.

Вакви акции во иднина ќе бидат спроведени во сите урбани заедници во Општина Делчево.

Share/Save/Bookmark