Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2290_resize

15 јули 2014 година со почеток во 11:00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчевосе оддржa втората сесија на Форумите во заедницата во Општина Делчево од проектот План за управување со речниот слив на реката Брегалница.

IMG 2294_resize IMG 2296_resize

На почетокот од форумската сесија модераторот Гонце Јаковлевска во воведниот дел го презентираше  дневниот ред и целите и задачите на сесијата по што присутните имаа увид во записникот и имаа можност да дадат свое видување и забелешка по истиот, додека ко-модераторот Валерија Соколова даде детален осврт на претходната сесија и работата помеѓу сесиите заедно со мало потестување за предложените концепти.

IMG 2284_resize IMG 2282_resize

Во продолжение на форумската сесија и водејќи се од дневниот ред, претставникот од Општина Делчево Тони Стоименовски ги презентираше правилата за избор на концепт, детално ги објасни концептите еден по ден при што во меѓувреме присутните имаа можност да дискутираат во врска со концептот кој е се образложува.

Откако се спроведе конструктивна дискусија по однос на концептите предложени од работната група и објаснетите правила и критериуми за избор на концепт  се премина на гласање  со што присутните учесници на форумската сесија гласаа за предложените 4 концепти со бодови од 1 до максимално 4 бодови.

IMG 2285_resize IMG 2286_resize 

IMG 2287_resize IMG 2291_resize

По сумираните резултати од гласањето едногласно беше заклучено дека граѓаните на Општина Делчево го избраа концептот за изградба на пречистителна станица на планината Голак.  По што препораките од форумот беа предадени на претставник на Општина Делчево и беше дадена позитивна оценка на форумот од страна на учесниците во истиот.

IMG 2292_resize IMG 2293_resize

IMG 2305_resize

Share/Save/Bookmark