Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2340_resize

Деновиве започнааа градежните активности со кои се продолжува ВТОРАТА фаза за изградба на колектор за отпадни води за град Делчево од  десната страна на реката Брегалница на потегот  Делчево – Индустриска зона Долни бавчи. Во рамки на реализацијата на втората фаза од овој проект беа набавени 47 полиетиленски (ПЕ) коругирани цевки за фекална канализација SN8 F 1000 mm со вкупна должина на цевките од 282 метри.

IMG 2320_resize IMG 2326_resize

Реализацијата на оваа втора фаза од проектот следи по успешно спроведената прва фаза кон крајот на 2013 година, месец ноември, кога беа вградени вкупно 178 метри должни заедно со шахти со исти вакви цевки на споменатата колекторска делница.

Овој проект се реализира од страна на Општина Делчево во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион од Штип. Вкупен износ на чинење на Договорот изнесува 1.666.042,00 мкд.

Share/Save/Bookmark