Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

bran2014

И оваа година традиционално во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“  организирана и поддржана од Министерството за  култура и во соработка со Општина Делчево се организираат низа настани кои ќе се одвиваат во 2 етапи и тоа: од 20-ти до 31 јули и од 20-ти до 31 август 2014.

Манифестацијата се реализира преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалната самоуправа како партнерство за остварување на културните потреби на сите граѓани.

За годинава Општина Делчево има предвидено низа културни настани а првиот кој воедно значи и отворање на манифестацијата „Топол културен бран 2014“  ќе се оддржи на 24 јули со почеток во 20.00 часот, во Градскиот парк во Делчево.

Станува збор за Фестивал на староградски песни "Серeнада 2014" кој годинава се оддржува по петти пат.

 За настанот се предвидени да настапат следните групи:

1.     ЖПГ „Ѓурѓа“, Делчево
2.     Ансамбал „Делчевски еснафи“, Делчево
3.     ГФА „Овчеполец“, Свети Николе
4.     Ансабал „Серенада“, Виница
5.     ТО „Ѓезме“, Куманово

 

Целта на манифестацијата е да се поттикне рамномерниот културен развој, афирмацијата на културните вредности и  анимирање на културата на локално ниво и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности.

Share/Save/Bookmark