Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2357_resize

21.07.2014 година (понеделник) со почеток од 14:00 часот во салата за состаноци во новата зграда на Полициската Станица во Делчево, Советодавната група граѓани на Општина Делчево оддржа состанок при што главна тема на дневен ред беше ставена „Штетни последици на бесправна сеча на дрва и пустошење на шумите“.

На состанокот беа поканети и присуствуваа овластени лица од институциите кои се директно инволвирани во оваа проблематика меѓу кои: Полициска Станица од општа надлежност Делчево, Шумска полиција, Гранична полиција, ЈПШС Голак Делчево, МЗШВ, ЕЛС Делчево, Лиценцирани шумарски инжинери и заинтересирани граѓани.

IMG 2359_resize IMG 2358_resize

Во рамки на дискусијата јасно и недвосмислено беа прецизирани овластувањата и должностите на шумочуварите во случај да забележат бесправно сечење на шумите, транспорт и препродавање на огревно дрво без претходно обезбедена потребна документација, постапувањата и комуникацијата што се одвива помеѓу нив и Шумската полиција.

Шумската полиција пак од друга страна ги координира своите активности покрај со шумочуварите така и со Граничната полиција, легитимирање и контрола на возила со кои се врши транспорт на дрва, зачестени контроли на откупните центри и индустриските капацитети за преработка на дрво. Постапувањата при регистрирање на прекршоци сторени од страна на шумокрадци.

Воедно се истакна дека е потребна поголема информираност на локалното население за и околу купувањето на огревно дрво од диви препродавачи и последиците кои настануваат доколку бидат откриени, како за препродавачите така и за купувачите.

Во дискусијата од особена важност е да се истакне е дека стана збор и за злоупотребата на службените должности на овластените лица при издавањето на потребната документација за сечење на дрва, контролата и легитимирањето која подоцна треба да следува. Разгледани се начините како да се превенира оваа појава.

IMG 2360_resize IMG 2361_resize

Share/Save/Bookmark