Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

На 24 Јули 2014 година – Четврток со почеток во 20.30 часот во Градскиот парк во Делчево по петти пат ќе се одржи фестивалот на староградски песни „Серанада 2014“ кој е дел од манифестацијата „Топол културен бран 2014“, а воедно и првиот настан со кој се отвора оваа манисфестација.

Организатор на настанот е Општина Делчево во соработка со Министерство за култура на РМ и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево. Староградската музика и серенадата е традиција која што во Делчево опстојувала во минатото за што постојат живи сведоштва како старите граѓани од општината и архивски материјали. Со етаблирањето на серенадата како фестивал од регионално значење во голема мера се возобновува оваа традиција, со интенција во иднина да прерасне во настан од меѓународен карактер.

Во текот на летниот период граѓаните на Општина  Делчево ќе имаат можност да присустуваат на поголем број на настани кои се одвиваат во рамки на Делчевско културно лето 2014 година. Покрај четирите настани во рамки на топлиот културен бран кој што се реализира во соработка со Министерството за култура на РМ, ќе се реализираат изложби, фестивали, концерти, литературни читања, театарски претстави со што на граѓаните ќе им се понуди богата културна програма.

Сите овие културни настани се рализираат како дел од Програмата за работа на Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански и кореспондираат со неговите основни определби за подигање на нивото на културна понуда во нашиот град.

Ги покануваме сите љубители на староградската музика да дојдат и да го проследат настапот на Женската пеачка група Ѓурѓа од Делчево, Ансамблот „Делчевски еснафи“, ГФА Овчеполец од Свети Николе, Ансамбал „Серенада“ од Виница и Тамбурашки Оркестар „Ѓезме“ од Куманово.

 

 

Share/Save/Bookmark