Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

ni vamu_ni_tamu_resize

Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ во Делчево, извонредната комедија „Ни ваму, ни таму“. Феноменална претстава!

ЖАНР: Комедија од современиот живот.
Комедија за нас. Ама поинаква. Како благ мелем на лута рана. Како нашиот,македонски живот. Значи - смеење ама и подзамислување!
ТЕМА: Двајца Македонци, едниот иселеник а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот“. Кој, кај, што било, како ќе биде...Овде било вака, таму онака...Расправии - до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де озбилна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот.
Каде, каде е пустината, поарно? Морате да дојдете! Сами да видите!

АВТОР: Бојан Трифуновски.
ИГРААТ: Љупчо Тодоровски-Упа, Симеон Дамевски, Никола Кумев.
Времетрање: 75 мин.

КАДЕ: Спомен дом АСНОМ – Делчево

КОГА: 30 јули 2014 со почеток во 21:00 часот

Извонредна актерска игра на Мони Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа.

Share/Save/Bookmark