Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2428_resize

Вчера, 24.07.2014 граѓаните на Општина Делчево имаа извонредна можност да присуствуваат на еден несекојдневен културен настан кој годинава се оддржа по петти пат и веќе прераснува во традиција.„Вечер на македонска серенада “ во Делчево се реализира во рамки на манифестацијата „Топол културен бран 2014“ која е во организација на Министерството за култура на Р. Македонија во соработка со Општина Делчево и НУЦК „Н.Ј. Вапцаров“ Делчево.

IMG 2424_resize IMG 2429_resize

IMG 2437_resize IMG 2442_resize

IMG 2431_resize IMG 2433_resize

Настанот започна во 20:00 часот во фоајето на Спомен домот „АСНОМ“, како први настапија женската пејачка група „Ѓурѓа“  и ансамблот „Делчевски еснафи“. Тие се претставија со извонреден репертоар на староградски песни, присутната публика во голем број можеше да ужива во рефрените од многу добро познати песни меѓу кои: Магла падна; Ајде, ајде моме Стојне; Калеш Димчо; Девојченце, девојченце.

Свој настап имаше и Групата за староградски песни од Скопје кои изведоа оригинален сплет на староградски песни кои наидоа на воодушевување кај публиката која громогласно ги поздрави со аплауз.
Русе ле Русе; Праша ле Тинко мајка ти; Ратке беа маестрално изведени од  страна на ДО Мики Бенд од Делчево.

IMG 2447_resize

IMG 2448_resize IMG 2449_resize

IMG 2439_resize IMG 2457_resize

IMG 2460_resize IMG 2461_resize

IMG 2462_resize

IMG 2463_resize IMG 2466_resize

IMG 2470_resize IMG 2484_resize

За крај на целовечерниот концерт присутната публика уживаше во настапот на Градскиот фолклорен ансамбл „Овчеполец“ од Свети Николе кои истотака се претставија со сплет од македонски староградски песни, расположението на публиката беше очигледно бидејќи два пати со громогласен апалуза успеаа да ги вратат на сцена да изведат уште некоја позната македонска староградска песна.

IMG 2475_resize

IMG 2476_resize IMG 2481_resize

IMG 2486_resize IMG 2490_resize

IMG 2491_resize IMG 2493_resize

Сите културни настани кои се рализираат се дел од Програмата за работа на Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански и кореспондираат со неговите основни определби за подигање на нивото на културна понуда во нашиот град. Во текот на летниот период граѓаните на Општина  Делчево ќе имаат можност да присустуваат на поголем број на настани кои се одвиваат во рамки на Делчевско културно лето 2014 година.

IMG 2496_resize IMG 2497_resize

IMG 2498_resize IMG 2499_resize

Share/Save/Bookmark