Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2662_resize

Граѓаните на Општина Делчево, вчеравечер (30.07.2014) со почеток во 21.00 часот ја имаа можноста да присуствуваат на феноменалната претстава „Ни ваму, ни таму“ која се оддржа во салата на Спомен домот „АСНОМ“ во Делчево , во рамки на манифестацијата  „Топол културен бран 2014“. Покровител на претставата Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански.
75 – минутната комедија од современиот живот на професионален начин беше представена пред граѓаните преку извонредната актерска игра на Мони Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа. Автор на претставата Бојан Трифуновски.

IMG 2657_resize IMG 2663_resize

IMG 2667_resize IMG 2670_resize

Исклучително квалитетна претстава, како од драматуршки аспект, така и од страна на актерската екипа. Темата на претставата, доприлива до секој од нас со ретко виден сензибилитет на нашиот, македонски човек во транзицискиот период.

Двајца Македонци, едниот иселеник, а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Македонија и “светот“. Смеење до солзи, но и болната реалност која воедно не тера да се подзамислиме. И, се разбира, расправии до тепање. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот.
Претстава која задолжително треба да се види и секако заслужува театарски награди.

IMG 2672_resize IMG 2679_resize

IMG 2661_resize IMG 2664_resize

IMG 2665_resize IMG 2668_resize

Share/Save/Bookmark