Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Ilinden-2014-500

По повод овогодинешното чествување на најголемиот македонски празник – 2 Август, на кој се слави јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание.

Владата на Р. Македонија во соработка со повеќе институции организира низа активности од спортски, културен, едукативен и државнички карактер. На централната свеченост во Скопје ќе се обрати претседателот на државата Ѓорге Иванов, на собирот во Крушево ќе се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а во Пелинце премиерот Никола Груевски. Мотото за одбележување на овој голем празник е „Од сон, до сонце“.

И оваа година ќе биде организиран БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ за сите граѓани кои ќе сакаат да присуствуваат на прославата во Пелинце.  Сите заинтересирани граѓани на Општина Делчево кои сакаат да бидат дел овој голем настан, свое присуство можат да потврдат на портирата во Општина Делчево или на телефон 033/411-550.

Тргнувањето ќе биде од ПАРКИНГОТ ПРЕД СПОМЕН ДОМОТ АСНОМ – ДЕЛЧЕВО во 08.15 часот.

Повелете бидете дел од овој значаен јубилеј за нашата држава Република Македонија.

Share/Save/Bookmark