Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Во текот на минатиот викенд во Општина Делчево поточно на подрачјето на ПС од ОН Делчево, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, беше реализирана проектната активност „Мешана патрола полиција и родители во обиколка на најпосетувани места за ноќна забава на малолетниците“.

 Целта на овој проект е да се промовира и зголеми квалитетот на односот меѓу полицијата и граѓаните и да се подигне нивото на свеста на родителите за потенцијалните ризици и опасности врз малолетниците при нивното дружење во вечерните часови, во смисол на употреба на алкохол и други социопатолошки појави и навремено детектирање и превенирање на малолетничкото престапништво. На почетокот родителите беа запознати со причините, целите, задачите и очекуваните резултати од проектот, како и со досегашната  работа на Отсекот за превенција при СВР Штип, а потоа беше извршена обиколка на угостителски објекти во централното градско подрачје, како и местата каде што најчесто малолетниците во вечерните часови се присутни и како ранлива категорија постои опасност да бидат жртви на кривични дела и прекршоци.

Во реализацијата на овој општествено значаен проект беа вклучени полициски инспектори за превенција од ПС од ОН Делчево и СВР Штип, родители, заинтересирани граѓани како и претставници на Општина Делчево.


Во продолжение ви претставуваме видео снимка од проектната активност, напомена видеото е превземено од регионалната телевизија Д1! 

Share/Save/Bookmark