Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1

Денот на двата Илиндени, 2-ри Август и годинава традиционално  беше одбележан  во  Делчево. Денес, 02 август 2014година (Сабота) со почеток во 10:00 часот пред споменикот на Гоце Делчев со читање на пригоден реферат за значењето на овој светол празник од македонската историја  свечено започна овогодинешното  чествување на 111 годишнината од Илинденското востание во 1903 година. По што претставници од Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, локални институции, училишта,  политички партии и организации положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на идеологот на македонското револуционерно движење, патронот на градот – Гоце Делчев.

2 

3 4 

5 6 

8

12 18

14

Втори Август во македонската историографија е датум на кој се случиле два настана од големо значење за македонскиот народ и македонската држава, Илинденското востание против османлиската власт и Првото заседание на АСНОМ, на кое се удрени темелите на македонската самостојност и државност. 

По тој повод со почеток во 11:00 часот, пред Споменикот на паднатите борци од НОВ во Втората светска војна од  Делчево и околината продолжи одбележувањето на 70 години од Првото заседание на АСНОМ оддржано во манастирот “Св. Прохор Пчински”. И овде беше прочитан реферат за значењето на АСНОМ, причините за свикување на Првото заседание на АСНОМ како и за одлуките и решенијата кои призлегле на овој од особено значење настан во поновата историја на Македонија. По што букети со свежо цвеќе беа положени од присутните претставници на локалните институции, партии, Општина Делчево, Членови на Советот на Општина Делчево итн.

19

7

 9 10

11 15

16 17

13

Свеченото одбележување на Илинден продолжи во с. Ѕвегор каде што од страна на месното население во соработка со печалбари кои потекнуваат од селото, а секоја година задолжително доаѓаат на овој ден да бидат со своите најблиски беше организиран турнир во фудбал. На манастирот Св. Илија којшто се наоѓа над самото село традиционално се организираа собор на кој и оваа година во рамки на културно уметничката програма настапија членовите на играорната група при НУЦК „Н.Ј. Вапцаров“ од Делчево.

20

21 22

23

24 25

27 26

Share/Save/Bookmark