Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 0002_resize IMG 0003_resize

Топлиот културен бран во Општина Делчево продолжува и во месец Август со извонреден избор на културни настани кои ги задоволуваат вкусовите на сите генерации. Во четврток, 07 август 2014 година на летната сцена во Делчево, со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи меѓународниот фолклорен фестивал „Балканска плетенка“.

На фестивалот свое учество ќе земат повеќе културно уметнички друштва од соседните земји, кои ќе се претстават со свои кореографии на народни песни, ора и танци.

Предвидено е да настапат следните културно уметнички друштва и оркестри за народни инструменти:

  • КУД „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, Р.Македонија
  • КУД „Караѓорѓе“ од Рача, Р.Србија
  • КУД „Св. Климент Охридски“ од Симитли, Р.Бугарија
  • Оркестар за народни инструменти „Извор“ од Делчево, Р.Македонија

Повелете бидете и Вие дел од Топлиот културен бран во нашата општина. Манифестацијата „Топол културен бран 2014“ и оваа година е во организација и со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија во соработка со Општина Делчево, Градоначалникот Дарко Шехтански и НУЦК „Никола Ј. Вапцаров“ Делчево.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1581
mod_vvisit_counterВчера1752
mod_vvisit_counterОваа недела10021
mod_vvisit_counterПретходна недела16534
mod_vvisit_counterОвој месец51062
mod_vvisit_counterПретходен месец58421
mod_vvisit_counterВкупно2889526

Присутни online: 21
Ваша IP: 34.238.189.171
,
Денес: Авг 23, 2019