Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_6192_resize 

Понеделник, 06.10.2014 година, потпишан е договорот за набавка на работи ,,Парковско уредување на дел од Основен проект за уредување на просторот помеѓу ул. Кеј на Ослободување  река Брегалница и Спортска сала и река Габровчица во Делчево,, помеѓу Општина Делчево и економски оператор (,,СД-ТРАНС,, ДООЕЛ Славе с.Звегор, Делчево) кој е добитник на тендер по јавно одржана аукција.

Станува збор за изградба и уредување на парковска јавна површина покрај кејот на реката Брегалница на потегот помеѓу црквата Св.Кирил и Методиј и Спортскиот комплекс во централното градско подрачје во Делчево.

Со овие градежни активности ќе се добие уште една функционална целина со уредени пешачки патеки, ќе биде поставена урбана опрема, клупи за седење, фонтани за пиење вода, корпи за отпадок и други пропратни елементи.

 MG_6190_resize  MG_6194_resize

Share/Save/Bookmark