Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_6200_resize

Среда, 09.10.2014 година во салата за состаноци во новата зграда на Полициската Станица во Делчево, Советодавната група граѓани на Општина Делчево оддржа состанок на чиј дневен ред беа презентирани Законот за заштита од пушењето и Законот за Јавна чистота.  На присутните граѓани и сопственици на угостителски објекти од градот Делчево им беа презентирани целите и обврските кои произлегуваат од овие два закони.

Заради обезбедување на јавна чистота на јавните површини е забрането:

– фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут), освен за места определени за таа намена,
– фрлање и оставање на  хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја,  отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена,
– оставање  на  стари  предмети  од  домаќинство  и  смет  од  вршење  на  дејности покрај садовите за собирање на смет, освен на места определени од општината,
– палење, закопување и уништување на смет,
– оставање на фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, живина и птици во садови за отпад, освен за места определени за таа намена,
– колење на кокошки и друга живина и животни,
– испуштање на отпадни води и други течности од дворните места и објекти,
– истурање или испуштање на течности во садови за отпад, на улици, во канали, реки и езера,
– сечење, складирање, цепење на дрва, јаглен и слично, освен за места определени за таа намена,
– оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки,
– чување и напасување на крупен добиток и живина,
– продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи, освен за места определени за таа намена,
– превоз  на  песок,  земја,  цемент,  глина,  земјоделско  ѓубре,  сено,  отпад  или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец,
– вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стоваришта или градилишта со валкани тркала,
– поставување на урбана опрема и други подвижни и неподвижни предмети,
– поправање, сервисирање на возила и вршење на разни занаетчиски работи,
– оставање на нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки,
– мешање на бетон, малтер, освен на места што ќе ги определи општината,
– растурање на сметот од вреќи, контејнери и други видови садови за собирање смет,
– фрлање, односно оставање на  смет до контејнер и други видови на садови  за собирање на смет,
– фрлање смет од кој било кат од станбена зграда или куќа, во двор,
– поставување на контејнери и други видови садови за собирање смет надвор од определени места за нивно поставување, согласно со нивната намена,
– палење и уништување на садовите за собирање смет,
– уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта),
– плукање или секнење нос на јавни површини,
– лепење на плакати на кое било јавно место, освен за места определени за таа намена и
– вршење на физиолошки потреби.

Законите беа презентирани од овластените лица од ПСОН Делчево и вработени во одделението за инспекциски надзор при ЕЛС Делчево:

Далибор Ангеловски – Пом. Командир ПСОН Делчево
Виолета Илиевска – Виш инспектор за превенција ПСОН Делчево
Крум Николовски – Раководител на одделение за инспекциски надзор при ЕЛС Делчево
Љупчо Симоновски – Инспектор за животна средина и комунални работи при ЕЛС Делчево

 MG_6202_resize  MG_6203_resize

Овие состаноци се во рамки на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население“ имплементиран од страна на ОБСЕ - Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното население, кој се имплементира на територијата на Република Македонија.

Share/Save/Bookmark