Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_6252_resize

Седумдесетина првоодделенчиња од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево заедно со своите наставнички и дирекоторот на училиштето г-дин Сашко Ивановски денес беа во посета на Градоначалникот Дарко Шехтански. Исто како и вчерашната посета од дечињата од детската градинка „Весели Цветови“ и првачињата оваа посета ја извршија по повод „Детската недела“. При посетата првачињата ја имаа можноста да се запознаат со градоначалникот и да изрецитираат песнички поврзани со правата на детето.

 MG_6254_resize  MG_6257_resize

Оваа година Детската недела се одбележува во периодот од 06 до 12 октомври. Целта е да се промовираат правата кои детето треба да ги ужива во неговиот раст и развој, како и потребната заштита која треба  да му биде обезбедена од страна на државата и инстутициите за овозможување среќно, здраво и безгрижно детство.

 MG_6262_resize

Share/Save/Bookmark