Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_6267_resize

11.10.2014 година (сабота) со положување на букети со свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ во центарот на градот свечено се одбележа 11-ти октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.

Чест на паднатите борци  од НОВ им оддадоа: Делегација од Општина Делчево, членови на Советот на Општина Делчево, здружението на борците од НОВ, претставници на политички партии и организации.

 MG_6268_resize  MG_6270_resize

 MG_6271_resize  MG_6278_resize

 MG_6280_resize  MG_6285_resize

 MG_6288_resize  MG_6290_resize

 MG_6293_resize  MG_6296_resize

 MG_6300_resize  MG_6304_resize

 MG_6307_resize  MG_6311_resize

11 октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе.

Членови од културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за значењето на овој празник од борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Share/Save/Bookmark