Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_6677_resize

Во рамки на активностите за имплементација на Националната стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2009-2014 година насловена како „0 (нула) деца жртви во сообраќајот“, денес 13.10.2014 година се спроведе сообраќајно-воспитна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

 MG_6662_resize  MG_6668_resize

Со оваа акција беа опфатени првачињата од ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево кои заедно со своите наставнички, инспектор за превенција и сообраќаен полицаец од ПС Делчево и претседателката на ОСБСП Делчево извршија обиколка на главните крстосници во градот. Целта е првачињата како најмлади учесници во сообраќајот да се запознаат со правилата и прописите кои се важни за нивната возраст како што е поминувањето на пешачки премин, поминувањето на зелено светло за пешаци на семафори, преминување улица на места каде што нема обележан пешачки премин итн.

 MG_6675_resize  MG_6683_resize

 MG_6690_resize

 Сообраќајно-воспитната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се спроведува континуирано во периодот на почетокот на учебната година и е координирана од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На локално ниво кампањата е координирана од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со целосна подршка од страна на градоначалникот Дарко Шехтански, ПС Делчево, инспекторот за превенција како и основните училишта и детската градинка.

Наредните неколку денови сообраќајно-воспитната кампања ќе се спроведе и во подрачните основни училишта во руралните населени места.

Share/Save/Bookmark