Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_6701_resize  MG_6704_resize

По вчерашната акција во која беа опфатени првачињата од ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево кои заедно со своите наставнички, инспектор за превенција и сообраќаен полицаец од ПС Делчево и претседателката на ОСБСП Делчево извршија обиколка на главните крстосници во градот.

Денес, 14.10.2014 година во рамки на активностите за имплементација на Националната стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2009-2014 година насловена како „0 (нула) деца жртви во сообраќајот“, акцијата се спроведе во подрачните училишта во селата Габрово и Ѕвегор.

 MG_6712_resize  MG_6716_resize

Учениците од двете училишта иако секојдневно немаат прилика да минуваат главни крстосници и булевари покажаа огромно знаење по однос на основните правила за движење на пешаците во сообраќајот како и добро познавање на сообраќајните знаци кои е потребно тие да ги познаваат со оглед на нивната возраст.

 MG_6717_resize

Сообраќајно-воспитната кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се спроведува континуирано во периодот на почетокот на учебната година. На локално ниво кампањата е координирана од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со целосна подршка од страна на градоначалникот Дарко Шехтански, ПС Делчево, инспекторот за превенција како и основните училишта и детската градинка.

Share/Save/Bookmark