Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_6727_resize  MG_6728_resize

Привршува изградбата на пешачка патека помеѓу ул. Партизанска и ул. Пролетерска во населбата Милково Брдо. Изградбата е извршена со поставување на бекатон плочки на подлога со ситен песок со набивање на плочките и исполна на фугите со ситна мермерна ризла или ситен песок од камен варовник, согласно основен проект „Пешачка патека помеѓу ул. Партизанска  и ул. Пролетерска“. Пешачката патека е со должина 53,96 метри.

Оваа пешачка патека ги поврзува овие две улици и е од огромно значење за граѓаните кои живеат во тој дел од градот, со тоа што при вршењето на секојдневните обврски повеќе не мора да изминуваат огромни далечини од едниот до другиот крај со цел да стасаат од едната до другата улица.

Изградбата на оваа пешачка патека се реализира врз основа на Договор за соработка и уредување на меѓусебните односи Бр. 08-1898 од 08.10.2014 година, склучен помеѓу Општина Делчево и ЈПКД„Брегалница Делчево“.

ПРЕТХОДНА СОСТОЈБА:

IMG 4470_resize IMG 3336_resize

Share/Save/Bookmark