Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Општина Делчево ги известува граѓаните дека ќе се приклучи кон Националната акција за чистење која е дел од проектот ,,Македонија без отпад 2014,, на МЖСПП и Асоцијацијата Ајде Македонија се со цел справување со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад.

Општината ги повикува сите граѓани, училишта, владини и невладини организации, урбани и месни заедници, правни и физички лица масовно да се приклучат кон акцијата која ќе се одржи на 18ти октомври(сабота) 2014г со чистење на своите дворни и околудворни места, јавни површини или да се вклучат со расчистување на веќе лоцирани депонии со комунален отпад и градежен шут.

Заинтересираните граѓани можат да се приклучат кон акцијата на собирното место пред Општина Делчево на 18 ти октомври(сабота) во 08.00 часот каде што ќе им бидат поделени материјали за работа и распределени на локациите за чистење.

 

 

Share/Save/Bookmark