Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_6782_resize

Денес, 16.10.2014 во салата за пресконференции во пицерија „Панорама“ се одржа првата, а воедно и воведна прес-конференција во рамките на проектот “Мерки за заштита од поплави на реките Бреганица и Бистрица”, финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бр. CCI 2007CB16IPO007.

На почетокот свое обраќање пред присутните гости имаа градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански и Г-ѓа Антонела Робева, заменик градоначалник за градежништво и безбедност на Општина Благоевград, кои го истакнаа своето задоволство од иницијативата за прекугранична соработка помеѓу општините Делчево и Благоевград односно Р.Македонија и Р.Бугарија.

Водечки партнер во овој проект е Општина Делчево, приоритетна цел на проектот е  „Подобрувањето на квалитетот на живеење“ и е со времетраење од 24 месеци.

Општата цел на проектот е: Подобрување на квалитетот на живот во прекуграничниот регион преку воведување на мерки за заштита од поплави и одржливо искористување на водата во реките Брегалница и Бистрица. Со овој проект системите за управување со водите ќе бидат организирани и ќе биде подобрено предвидувањето/планирањето на ризиците од поплави, ќе се спроведат мерки за заштита од поплави и воведен систем на управување со кризи во случај на поплави базиран на речните басени, преминувајќи ги регионалните и националните граници.

Специфични цели се :

Во рамки на проектот ќе бидат спроведени низа проектни активности со кое ќе бидат опфатени следните целни групи:

  1. Населението кое живее во руралните и урбаните населби во близина на реките Брегалница и Бистрица
  2. Институции на национално и локално ниво одговорни за управување со поплавите на македонска и бугарска страна
  3. Здруженија за заштита на животната средина од двете страни на границата

 MG_6781_resize  MG_6778_resize

Share/Save/Bookmark