Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

18.10.2014 година, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“, а подржано од страна на Општина Делчево, основните и средното училиште во Делчево, институциите, невладините организација и граѓански здруженија активно се вклучија во спроведувањето на акцијата за чистење која е дел од проектот „Македонија без отпад 2014“.

Акцијата се организира по втор пат оваа година и е со цел справување со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад. Во рамки на акцијата беа опфатени две локации односно централното градско подрачје и пешачката патека кон село Ѕвегор, истовремено во акцијата се вклучија и домаќинствата со чистење на своите дворни, околудворни места и јавни површини.

Во прилог можете да го погледнете видео прилогот од регионалната телевизија Д1

Share/Save/Bookmark