СОУ „М.М Брицо“ ќе добие 6 нови целосно опремени училници преку проект за прекугранична соработка со Р.Бугарија



Вторник, 21 Октомври 2014 12:31
Понеделник (20.10.2014 година) во Општина Благоевград се одржа првата официјална прес-конференција на која беше претставен проектот од прекуграничната соработка финансиран од Европската унија преку ИПА фондовите во рамки на програмата за прекугранична соработка во кој партнери се СОУ „М.М Брицо“ од Делчево и Седмо СОУ „Кузман Шапкарев“ од Благоевград, Р. Бугарија.
Проектот е насловен „Социјална кохезија преку воспоставување на активности во центри по интереси“ за кој е предвидено да се реализира во период од 22 месеци. Број на проектот е 2007CB16IPO007-3.
Со реализацијата на предвидените проектни активности ќе се изврши реконструкција и реновирање на училишните објекти, со што СОУ „М.М Брицо“ ќе добие изградени и целосно опремени 6 нови училници во кои откако ќе се формираат групите на ученици ќе се одржуваат активностите за клубовите по интереси од различните училишни дисциплини (математика, информатика, претприемништво, странски јазици итн.).
Во Седмо СОУ „Кузман Шапкарев“ од Благоевград предвидено е да се изврши адаптација на простории за работа како и изградба метална конструкција за покривање на игралиштето кое е во склоп на училиштето.
Предвидена е и изработка на веб страна на проектот на која ќе бидат поставени материјали од двете партнерски училишта на која можат да се следат сите активности поврзани со проектот.
Главната цел на проектот е да се обезбедат услови за одржливо и долгорочно прекугранично партнерство преку дополнителна настава и воннаставните активности за социјална кохезија на учениците и сите со нив поврзани општествени групи од Благоевград и Делчево.
Со прекуграничното партнерство преку дополнителни часови и воннаставните активности во нашиот регион ќе се придонесе за заедничка интеграција во европските норми и вредности во образсованието и социјалната кохезија.
Специфичните цели се создавање на долготрајна прекугранична соработка помеѓу социјалните групи партнерските училишта, подобрување на формите и методите за интерактивност и личен развој на учениците и наставниците. Постигнување на социјална кохезија преку тимска работа и комуникација преку заеднички веб портал.
Како резултат од проектот се очекува создавање на долгорочна прекугранична врска за понатамошна соработка во областа на образованието и создавање на капацитети помеѓу директните учеснициво проектот. Развој на материјали за едукативни иницијативи во облата на политиката на ЕУ за одржлив развој. Создадени и ефективни 5 клубови за воннаставни активности во секое училиште од партнерите во проектот.
Целни групи се учениците на возраст од 7-19 години кои учат во различни општообразовни, непрофилирани специјализирании професионални паралелки од кои 700 од Бугарија и 510 од Македонија, 5 невладини организации од Македонија и пет од Бугарија и локалните институции.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.