Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_7133_resize

Четврток, 30.10.2014 година во наставничката канцеларија во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, со почеток во 15.00 часот Советот на Општина Делчево ја одржа својата дваесетта седница.

На седницата беа предложени, разгледани и изгласани сите 32 точки од  дневниот ред, меѓу кои првата точка односно Предлог-Одлука за измени и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Делчево за 2014 година која беше образложена од Шабан Багашов-Одговорен сметководител во Општина Делчево.

По однос на точките со кои се дава  Предлог-Одлука за вклопување на бесправно-изграден објект во урбанистичко-планска документација образложение пред членовите на Советот на Општина Делчево даде Стојмир Мицевски-Самостоен референт за сообраќај и патишта, тоа се точките од 2 до 24.

На седницата исто така беа разгледани и Предлог-Заклучокот за усвојување на Годишниот извештај за работа за учебната 2013/2014 на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево како и Предлог-Заклучокот за усвојување на Годишната програма за работа за учебната 2014/2015 на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево по овие две точки свое образложение даде Тони Ивановски-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

 MG_7132_resize  MG_7134_resize

Командирот на Полициската станица од општа надлежност – Делчево, Кирил Синадиновски даден детално и прецизно образложение по однос на Предлог-Заклучокот за усвојување  на Извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево, по што од страна на членовите на Советот беа поставени дополнителни прашања на кои командирот одговори, а воедно ги прифати сугестиите од странан на советниците по однос на прашања поврзани со безбедноста и јавниот ред и мир во општина Делчево.

 MG_7130_resize

Благица Јочевска - претседател на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените ги образложи точките со кои за месец април се определува за месец на јавното здравје и Предлог-Одлуката  за формирање на Координативно тело за акција АПРИЛ - месец  на јавното здравје.

На Советот се изгласа и Предлог-Одлуката за прифаќање на Иницијатива за изработка на ДУП на Централно градско подрачје Урбана единица 2, блок 2.2 – урбан модул М1, Делчево измена и дополна 2014-2019 образложена од Горан Петровски -Раководител на Одделението за урбанизам, уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина.

Димитар Видимлиски - Заменик-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“- Делчево го образложи Предлог - Заклучокот за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево кој исто така беше усвоен.

По однос на точката број 32 од дневниопт ред повторно свое образложение даде Горан Петровски - Раководител на Одделението за урбанизам, уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина со што беше усвоена Предлог-Одлуката за прифаќање на Иницијатива за изработка на Детален урбанистички план Индустриска и сервисна зона-Север за УЕ 1 дел од блок 1.2-измена и дополна 2014-2019 со опфат 6,5 ха Делчево.

 MG_7137_resize

Share/Save/Bookmark