Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_7157_1_resize

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски денес 06.11.2014 година оствари работна средба  со градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански.

На средбата беа разгледани низа прашања поврзани со реформите во администрацијата кои ги спроведува Министерството за информатичко општество и администрација. Имено градоначалникот Дарко Шехтански беше запознаен со предизвиците кои доаѓаат со новиот закон за администрација и новиот закон за вработени во јавниот сектор кои стапуваат на сила од јануари 2015 година. При што од страна на Министерството за информатичко општество и администрација ќе бидат организирани електронски достапни обуки за вработените во администрацијата со што самите вработени ќе бидат подготвени откако ќе стапат на сила овие два закони. Овие електронски обуки ќе се реализираат преку веб страница на која што се достапни голем број на обуки од повеќе сфери на работење (финансиско работење , менаџирање со проекти, човечки ресурси).

Градоначалникот Дарко Шехтански даде целосна подршка за досегашните и идните реформи кои се спроведуваат во администрацијата и изрази подготвеност за соработка и учество во проекти од било каков вид кои би ја подобриле ефикасноста на администрацијата.

Министерството за информатичко општество и администрација веќе неколку години наназад спроведува најразлични реформи во администрацијата со цел подобрување на работата на администрацијата и усовршување и нудење на ефикасни услуги за граѓаните во Делчево.

 MG_7156_resize

 MG_7160_resize  MG_7169_resize

Share/Save/Bookmark