Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Во сабота (15.11.2014 година), Советот на Општина Делчево ќе ја одржи Дваесет и првата седница. Седницата ќе се одржи во  наставничката канцеларија во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, со почеток во 14.00 часот. 

За седницата е предложен следниот

Дневен ред

  1. Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за јавни дејности;

  2. Предлог-Решение за именување на член на Комисијата за јавни дејности;

  3. Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина;

  4. Предлог-Решение за именување на член на Комисијата за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина;

    Образлагач: По точките 1,2,3 и 4 - Дарко Тодоровски-Претседател на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

  5. Предлог-Одлука за формирање на Совет за јавно здравје на општина Делчево;

  6. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево;

  7. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во РМ;

    Образлагач: По точките, 5, 6 и 7-Сузана Петровска-Раководител на Одделението за правни и општи работи, јавни дејности и ЛЕР.

  8. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијативата за изработка на Детален урбанистички план Лесна индустрија и сервиси м.в. „Стар Монопол“ во град Делчево дел од блок 2.6, Урбана единица 2;

    Образлагач: Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам, уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина;

  9. Одлука за донесување на План на програми за развој за Буџетот на Општина Делчево за 2015 година;

    Образлагач: Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански.

  10. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2014 година

    Образлагач: Анка Христова-Раководител на Оделението за финансиски прашања.

  11. Прашања и предлози на членови на Совет;

 Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Христов


Share/Save/Bookmark