Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

20141115 143021_resize

 Во саботата (15.11.2014), Советот на Општина Делчево ја одржа Дваесет и првата седница. На седницата беше дискутирано по предложениот дневен ред од 11 точки како и уште една дополнителна точка за разрешвање на член на Управен одбор на ЈПКД Брегалница Делчево.

По однос на првите 4 точки по предходно образложение од Дарко Тодоровски - Претседател на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, беше донесено решение за разрешување и именување на нов член на Комисијата за јавни дејности, како и решение за разрешување и именување на нов член на Комисијата за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина. По разгледувањето на точката под број 5 од дневниот ред, Советот на Општина Делчево донесе одлука за формирање на Совет за јавно здравје на општина Делчево.

Под точката бр. шест од дневниот ред  Советот донесе Одлука за доделување на шест стипендии на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево како и Одлука за доделување на шест стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во РМ која беше донесена по разгледувањето на седмата точка. 

На седницата на Советот беа разгледани и усвоени следните точки од дневниот ред:
8. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијативата за изработка на Детален урбанистички план Лесна индустрија и сервиси м.в. „Стар Монопол“ во град Делчево дел од блок 2.6, Урбана единица 2;
9. Одлука за донесување на План на програми за развој за Буџетот на Општина Делчево за 2015 година;
10. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2014 година; 

20141115 143006_resize 20141115 143021_resize

20141115 143207_resize

20141115 143327_resize

Share/Save/Bookmark