Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.Македонија бр.5/02) и член 2 од Статутот на Општина Делчево , Градоначалникот на Општина Делчево објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК
за поднесување програми и проекти за реализација во 2015

Градоначалникот на Општина Делчево ги повикува сите организации и поединци од областа на спортот, културата, невладините организации, здруженија на граѓани и фондации да достават програми за предвидени проекти во 2015 година со финансиски параметри кои би им биле потребни за реализација на истите.

Финансиските параметри се потребни за рамковно проектирање на Буџетот на Општина Делчево за 2015 година во горенаведените области и натамошна подршка во реализацијата на избраните проекти за финансирање во 2015 г.
Критериуми кои организациите и поединците треба да ги исполнат се: 

Сите сите организации и поединци од областа на спортот, културата, невладините организации, здруженија на граѓани и фондации кои користеле финансиски средства од Буџетот на Општина Делчево во 2014 да достават извештај најдоцна до 30.12.2014 година.

Документацијата да се достави во просториите на Општина Делчево (писарница) или по пошта до ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО, адреса ул.„Светозар Марковиќ“ бр.1 2320 Делчево, најдоцна 8 дена од објавувањето на web страната на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Градоначалник
Дарко Шехтански 


Objava NVO

Share/Save/Bookmark