Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_7209_resize

Деновиве екипи на јавното комунално претпријатие Брегалница – Делчево работат на реконструкција и ревитализација на детското игралиште долж улицата Кеј на Ослободување позади црквата Св. Кирил и Методиј во населбата Ново Делчево.

Станува збор за реконструкција и ревитализација на површина од 1350 метри квадратни во кои ќе биде изградено ново детско игралиште со димензии 25х36 односно 900 метри квадратни, при што ќе биде поставена урбана опрема (лулашки, клацкалки, лизгалка и други пластични елементи како и елементи за фитнес и рекреација), ќе се постават места за седење и електрично осветлување, а воедно ќе се изврши и хортикултурно и партерно уредување.

Буџетот одвоен за реализација на овој проект е од страна на Општина Делчево и ЈПКД Брегалница – Делчево.

 MG_7210_resize  MG_7212_resize

Во меѓувреме се приведува при крај проектот за изградба на парк кој се протега кон Спортскиот комплекс - Пијанец долж ул. Кеј на Ослободување со површина од 9100 метри квадратни, воедно предвидено е и уредување на површината и тротоарниот простор околу новоизградениот паркинг зад самата црква. Со реализацијата на овие проекти, жителите од оваа населба но и сите граѓани од општината ќе добијат уште еден добро уреден простор кој сам по себе обединува повеќе функции кои се во корист на граѓаните на Делчево.

Share/Save/Bookmark