Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_7331_resize  MG_7334_resize

Денес, 26.11.2014 година во присуство на претставници  од Македонскиот  центар за меѓународна соработка предводени од извршниот директор г-дин Димче Митрески и модераторката г-ѓа Кристина Хаџивасилева , претставник од единицата за координација на форуми и претставници од ЕЛС Делчево на чело со градоначалникот Дарко Шехтански беа во посета на новоизградениот парк долж улицата „Кеј на Ослободување“. Со оваа посета официјално се прогласи за завршен проектот за ,,Парковско уредување на дел од Основен проект за уредување на просторот помеѓу ул. ,,Кеј на Ослободување,,  река Брегалница и Спортска сала и река Габровчица во Делчево,,.

 MG_7337_resize 

 MG_7339_resize  MG_7341_resize

Со почеток од 11 часот во салата на Спомен домот АСНОМ се одржа седмата последователна форумска сесија која се спроведува во рамки на програмата „Форуми во заедницата“. На оваа завршна форумска сесија беше направен детален осврт и преглед на целиот форумски процес започнувајќи од самите почетоци во јуни 2012 година па се до ноември 2014 година.

На форумските сесии учествуваа во просек по 106 граѓани. Процесот на имплементација на избраниот проект и препораки дадени до општините траеше од декември 2012 до ноември 2014 година.

 MG_7347_resize  MG_7349_resize

 MG_7356_resize  MG_7358_resize

Цел на програмата:

  1. Поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво
  •  Вклучување на граѓаните
  •  Создавање на капацитети
  •  Унапредување на капацитетите
  •  Создавање на локални партнерства
  1. Подобрување на животот на луѓето во заедницата

 Буџетот на проектот е следниот:

ПРИХОДИ:

  • СДЦ- 2.400.000 МКД
  • Општина Делчево 3.388.902,00 МКД
  • Вкупно: 5.788.902,00 МКД

 РАСХОДИ:

  • Изведба 5.656.082 МКД
  • Проект и надзор 132.820,00 МКД
  • Вкупно: 5.788.902,00 МКД
 MG_7361_resize

 Важно е да се напомене дека од страна на граѓаните беа предложени пет предлог проекти кои беа ставени на гласање и беше изберен предлог проектот пешачки мост преку река Брегалница. Овој проект не можеше да се реализира заради надминување на износот на проценетата вредност на јавната набавка (и проектниот фонд) од 6.007.194 МКД без ДДВ.

Второрангираниот проект  “Уредување на излетнички и туристички локалитети“ не можеше да се реализира заради НЕИСПОЛНУВАЊЕ на критериумот: Проектите да се изведливи (технички, временски и финансиски).

Заради горенаведеното, на шестата (дополнителна) форумска сесија за реализација се предложи треторангираниот проект “Изградба и уредување на јавни површини“. 

На седмата завршна форумска сесија од страна на г-дин Сребран Ѓеоргиевски исто така беа презентирани и статусот на препораките од програмата Форуми во заедницата во општина Делчево. За крај свое обраќање имаше и Градоначалникот кој го изрази своето задоволство од реализацијата на овој  проект и потенцираше дека во меѓувреме многу од препораките на граѓаните се реализирани и се работи на реализација на оние што преостануваат.

 

Статус на препораките од програмата Форуми во заедницата во општинаДелчево

Препорака

Статус

(реализирана, во фаза на реализација, не е реализирана)

Состојба на 26.11.2014

(опис)

Уредување и регулација на речното корито на р.Брегалница

Во фаза на реализација

Во тек е тендер за избор на фирма за имплементација на проект заштита од поплави на реките Брегалница и Бистрица

Уредување на речното корито на р. Брегалница во централното градско подрачје и доизградба на речното корито низводно и спротиводно на кејот на реката

Во фаза на реализација

Во тек е тендер за избор на фирма за имплементација на проект заштита од поплави на реките Брегалница и Бистрица

Средување на ендеците кои се слеваат во р. Брегалница

Во фаза на реализација

Исчистен е поголем дел од коритото на река Габровчица. Во 2015 е плнирано чистење на дел од ендеците во Делчево и на реките притоки на Брегалница, согласно акциониот план за чистење на реки и речни корита во соработка со ДЗС и Владата на РМ

Доизградба на кејот на р. Брегалница низ целата општина

Не е реализиран

70 метри после гумена брана ќе бидат реализирани во 2015

Изградба на кејот на реката Брегалница од долниот мост до градскиот стадион во централното градско подрачје (вклучително и хортикултурно и инфраструктурнодоуредување)

Во фаза на реализација

Уредена е јавната површина на кејот од река Брегалница од Нова црква до спортска сала со површина поголема од 12 000м2 (парк, детско игралиште, паркинг)

Изградба на брана на р. Брегалница

Во фаза на реализација

Завршена е тендерската постапка, се очекува нејзина имплементација во зависност од временските услови и нивото на река Брегалница

Чистење и регулација на притоките на р. Брегалница:

–         Уредување и регулација на коритото на р. Желевица

–         Уредување и регулација на коритото на р. Габровчица

–         Уредување и регулација на коритото на р. Звегорска

Во фаза на реализација

Дел од коритото на река Габровчица е исчистено, остатокот  од Габровчица и Звегорска река е планирано во 2015 година

Уредување на јавните површини во централниот дел на градот

Реализиран

Уредена е јавната површина во рамките на проектот Уредување на јавни површини во рамките на Форумите во заедницата

Уредување на јавни површини во 3ти реон (место викано Чука)

Не е реализирано

Планирано е уредување на просторот и изгрдба на повеќенаменско спортско игралиште

Изградба на спортски терен во 3ти реон

Во фаза на реализација

Уреден е дел од предложената локација. Во иднина се планира да се доуреди целиот простор.

Израдба на пешачки и велосипедски патеки во општината

Во фаза на реализација

Доизградена е втората фаза од патеката Илин камен. Аплицирани се уште три патеки за велосипеди и пеѓаци и тоа: Голак, Илин Камен и патека Кукуље.

Зголемување на бројот на зелени површини во општината

Реализиран

Континуирано се одржуваат постојните и се прошируваат со нови зелени површини

Почесто организирање собири на граѓаните за јакнење на свест за совесно живеење во урбаните средини

Реализиран

Се врши континуирано

Расчистување на дивите депонии: на локалниот пат кон с.Киселица, во  3-тиреон, кај манастирот ,,Св. Богородица Балаклија“, во населбата Расадник и др.

Реализиран

Се врши континуирано

Чистење на дивите депонии на патот кој води до Црна Скала и уредување на локацијата

-       опесочување на патот кој води до Црна Скала

-       чистење на одводните канали на патот кој води до Црна Скала

Реализиран

Се врши континуирано

Средување на градска депонија

-       преземање мерки за отпадните води кои се создаваат и слеваат од градската депонија, како и реата која се шири на ближните села и градот

-       затрупување на градската депонија со земја

Во фаза на реализација

Општината е дел од концептот на Источно планскиот регион за уредување на регионална депонија. Формирано е меѓуопштинско јавно претпријатие и аплициран е проект од ИПА програмата за уредување на регионалната депонија и претоварни центри

Изнаоѓање конкретно решение за градската депонија кај с. Полето со заштитни мерки за нејзино дислоцирање во други делови

Не е реализиран

Решавањето на оваа депонија е поврзано со концептот за регионална депонија

Складирање и селекција на отпад

-       одредување на локации за складирање на отпад во близина на населените места со дефинирано време на депонирање и вид на отпад

Во фаза на реализација

Дефинирани се времени локации во сите 22 населени места за времено складирање на отпад

Зголемување на бројот на возила за собирање на отпад и бројот на контејнери за складирање на истиот

Реализиран

Набавени се нови возила во рамките на проектот меѓуопштинскиот Форум во заедниците М. Каменица и Делчево

Подигање на свеста на граѓаните за да не се создаваат диви депонии

Реализиран

Се врши континуирано преку едукацијата на учениците, спроведување на кампањи, организирање на акции за чистење на дивите депонии

Уредување и Решавање на инфраструктурните проблеми на Голак:

-       уредување на туристичкиот центар Голак

-       маркирање на планинарска патека кон Голак

-       маркирање на пешачка патека кон Голак

-       велосипедски патеки кон и на  Голак

-       воведување струја и вода на  Голак

-       ставање во функција на веќе постоечки руинирани објекти на  Голак и уредување на пристапите до истите

-       реконструкција на патот до планината Голак

Во фаза на реализација

Детското одмаралиште е земено во сопственопст на општина Делчево, продадени се дел од парцелите и се очекува нивна изградба. Подготвена е техничка документација за прочистителна станица за отпадни води. Се очекува во 2015 асфалтирање на останатите 8.5 км кон Голак. Во фаза на преговори е имплементација на проект за Зимски центар на планината Голак.

Изградба на лабараторија за испитување на водата

Реализиран

Лабараторија за испитување на водата со одереден број на параметри постои во ЈКПД Брегалница, а дел од параметрите редовно се испитуваат од заводот за јавно здравје.

Изградба на мост на просторот меѓу новата црква и базенот во централното градско подрачје

Во фаза на реализација

Уредувањето на целиот простор е во завршна фаза

Потреба од нова прочистелна станица за водата за пиење

Во фаза на реализација

Се вршат консултантски активности за изработка на техничка документација

Изградба на локален пат за с.Косово Дабје

Реализиран

Патот е изграден

Обновување на патот Делчево-Кочани

Во фаза на реализација

Реализирани се 7 км со нов асфалт а во фаза на подготовка е проект за целосна реконструкција.

Реконструкција на водоводната мрежа во с.Звегор

Не е реализиран

Општината е во преговори со месната заедница за превземање со стопанисување на водоводот во с.Звегор по што се отвара можност за негова реконструкција

Изградба на поила за вода во с.Косово Дабје

Не е реализиран

Потребно е иницијатива и локација од лоалното население за поставување на водопоила. Можноста да се реализира овој проект постои и со буџетски средства во 2015

Подобрување на комуналната и канализационата инфраструктура во селските средини

Не е реализиран

Има техничка документација и одобрени средства за канализационите системи во с.Град и с.Вирче. Во соработка со Владата на Р.М се очекува нивна реализација за периодот 2015-2016

Довршување на улиците во Ново Делчево

Не е реализиран

Се очекува во следниот период прво да заврши дозамена на водоводната мрежа по што следува реконструкција на улиците

Поплочување на сите улици во Урбаната заедница 2-ри реон

Во фаза на реализација

Во изминатиот период дел од овој приоритет е реализиран а за остатокот се очекува реализација во 2015 (Улица Илинденска)

Поддршка и финансиски средства за спортските клубови и здруженија

Реализиран

Континуитрано се спроведува. Сите регистрирани спортски клубови добиваат континуирана поддршка од страна на Општина Делчево

Уредување на пензионерски дом преку соработка со фондот за ПИОМ

Во фаза на реализација

Дел од пензионерскиот дом е веќе уреден

Уредување на излетнички и туристи локалитети

Не е реализиран

Во фаза на изработка е стратешки план за туризам на ИПР каде сите локалитети од општината треба да бидат дефинирани. Аплицирано е да се изработи техничка документација за пристапен пат од с.Тработивиште до локалитет Свети води во должина од 6000 метри.

Расчистување на диви депонии во градот и неговата околина

Во фаза на реализација

Континуирано општината и ЈП спроведуваат акции за расчистување на дивите депонии

Зачувување на рибниот фонд преку изградба на рибји патеки на р. Брегалница

Во фаза на реализација

Рибјата патека е во фаза на реализација и ке биде изградена до јуни 2015

Пешачки мост преку реката Брегалница

Не е реализиран

Има изработено техничка документација

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 09 Август 2019, 22.49 од Д.Чапевски
2019-08-09-22-15-05 Илјадници гости дел од спектакуларниот концерт на незаменливата Данијела Мартиновиќ и на предгрупите Дикато бенд и Троја бенд. Крајот на забавата го означија делчевците од The...
Објавено на 09 Август 2019, 14.14 од Д.Чапевски
2019-08-09-13-17-34   Ѕвездата на вечерта, Данијела Мартиновиќ, пристигна во Делчево. Првата средба ја имаше со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, на која Трајковски ја запозна гостинката со спецификите на...
Објавено на 09 Август 2019, 12.52 од Д.Чапевски
-3- Изведувачот ГРАНИТ АД Скопје на ден 12.08.2019 година (понеделник) ќе започне со изведување градежни работи во рамки на рехабилитацијата на делницата од магистралниот пат А3 низ градот Делчево,...
Објавено на 09 Август 2019, 06.52 од Д.Чапевски
2019-08-09-06-19-20   Илјадници посетители од Делчево, Виница, околните општини, иселеници од регионот и гости од соседна Бугарија беа дел од новото издание на „Голачките фолклорни средби“ што се одржа синоќа покрај...
Објавено на 08 Август 2019, 14.06 од Д.Чапевски
-20192020 Општина Делчево објави Јавна набавка за превоз на ученици за сите образовни институции во Делчево за учебната 2019/2020 г. Јавната набавка на услуги ,,Превоз на ученици од СОУ „Методи Митевски Брицо“...
Објавено на 07 Август 2019, 16.36 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-40-02 Со цел поголема безбедност во сообраќајот во Делчево и на Голак, а во пресрет на централните настани од манифестацијата „Делчевско лето 2019“ кога се очекуваат поголем број гости, денеска претставници...
Објавено на 07 Август 2019, 16.28 од Д.Чапевски
2019-08-08-05-30-09 Општина Делчево ги известува граѓаните дека на 8 август од 2 часот по полноќ  ќе спроведе наменско прскање против комарци и други инсекти кои се потенцијална опасност од преносливи заразни болести....
Објавено на 07 Август 2019, 12.15 од Д.Чапевски
2019-08-07-11-18-29 Во старата прочистителна станица во село Тработивиште од каде се преработува водата за пиење за Делчево и околните села, за прв пат по 25 години се поставува активен јаглен, а исто така и прв пат...
Објавено на 07 Август 2019, 11.25 од Д.Чапевски
2019-08-07-10-28-48   Екипи на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево ги уредуваат јавните површини и работат на санација на оштетената урбана опрема во градскиот парк во пресрет на централните настани од „Делчевско лето“. Се...
Објавено на 06 Август 2019, 12.03 од Д.Чапевски
2019-08-06-11-05-39 Општина Дечево доделува локации за вршење угостителска и трговска дејност за ден 9-ти август 2019 година во градскиот парк во Делчево за време на одржување на концертите во рамките на „Делчевско лето“...
Објавено на 06 Август 2019, 11.21 од Д.Чапевски
2019-08-06-10-22-15 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ со поддршка на ТППЕ Делчево извршија чистење на Голак.  Акцијата која беше во организација на Општина Делчево ги опфати локациите кои се најпосетувани од туристите и...
Објавено на 05 Август 2019, 11.57 од Д.Чапевски
2019-08-05-11-00-42  Општина Делчево доделува локации за вршење угостителска и трговска дејност на планината Голак на 8 август, а по повод традиционалните „Голачки Фолклорни средби“. Локациите се наоѓаат на следните...
Објавено на 05 Август 2019, 10.11 од Д.Чапевски
2019-08-05-09-13-43  Претставникот од ПСК „Голак“ од Делчево, Љупчо Чучуковски кој беше дел од експедицијата „Трилогија Алпи 2019“ ги развеја општинското и македонското знаме на највисоките врвови на...
Објавено на 05 Август 2019, 06.51 од Д.Чапевски
2019-08-05-06-09-05   Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 02 Август 2019, 09.46 од Д.Чапевски
2019-08-02-08-53-12   Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска ги одбележа двата Илиндена, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Одбележувањето се одвиваше пред спомен-...
Објавено на 31 Јули 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-07-31-11-05-59 Осум екипи од цела Македонија ќе се натпреваруваат на Ноќниот турнир во баскет кој започнува вечерва од 19 ч на спортските терени од ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево. Претседателот на Советот на млади на...
Објавено на 29 Јули 2019, 13.41 од Д.Чапевски
2019-07-29-12-43-20 Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи „Изградба на дел од локален пат Л-10 отклон од пат М-5 (нова ознака А3)- Илиово-Турија (делница од с.Турија-с.Трстија)...
Објавено на 29 Јули 2019, 08.31 од Д.Чапевски
2019-07-29-07-34-33  Во тек се градежните работи за изградба на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, улицата во централното градско подрачје позната...
Објавено на 25 Јули 2019, 11.29 од Д.Чапевски
2019-07-25-10-32-16  Делчево доби грант од Министерството за финансии за изградба на градска капела во рамките на  Проектот за подобрување на општинските услуги кој го спроведува Министерството за финансии со...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1772
mod_vvisit_counterВчера2512
mod_vvisit_counterОваа недела1772
mod_vvisit_counterПретходна недела16534
mod_vvisit_counterОвој месец42813
mod_vvisit_counterПретходен месец58421
mod_vvisit_counterВкупно2881277

Присутни online: 43
Ваша IP: 3.226.251.205
,
Денес: Авг 19, 2019