Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности


Врз основа на Одлуката за доделување настудентски стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во РМ бр.07-2228/1 од 15.11.2014 („Сл.гласник на Општина Делчево“ бр.28/2014), Комисијата за доделување на студентски стипендии, распишува

 КОНКУРС
за доделување на 6 стипендии на
студенти  кои студираат на државните универзитети во Република Македонија 

1.Општина Делчево ќе додели 6 стипендии на редовни студенти  од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ,  кои ги исполнуваат следните услови:

I.Редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех над 8,00  кои не повторувале во текот на студирањето
II.Студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или пак социјални случаи
III.Студентите да се жители на Општина Делчево
IV.Студентите да не се корисници на друга стипендија

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми: 

1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

-Со просек 10.00-60 бода
-Со просек од 9.00 до 9,99 -50 бода
-Со просек од 8.01 до 8,99 -40 бода

2.Семејно-материјалната состојба на студентот:

   За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

 

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1.Барање за доделување на студентски стипендии(Архива на Општина Делчево и веб страница:delcevo.gov.mk)
2. Фотокопија од Индекс;
3.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиска 2014/2015 година;
4. Потврда со број на  положени испити со оценки;
5. Уверение од Управа за јавни приходи, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година  (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри) за двајцата родители/старатели;
6. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството  за последните 3 месеци;
7. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
8. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;
9. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
10.Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)
11. Уверение за жителство
12.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците (Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk
13. Изјава од родител/старател дека студентот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk 

  
Постапка за доделување на стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за стипендии на студенти кои студираат на државни универзитети во РМ;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, од редот на вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево;
3. Комисијата е составена од 5 члена;
4. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;
5. Кандидатите кои ќе добијат стипендии и оние кои ќе бидат одбиени, ќе добијат Известување;
6. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000 денари месечно за 9 месеци во текот на студиската година. 
7. На студентот кој ќе даде лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија, Решението за користење на стипендија ќе му биде поништено и истиот ќе биде задолжен исплатените средства по основ на Решението, да ги врати на Општина Делчево;
8. Стипендиите се неповратни;
9. Рок на пријавување од  27.11.2014 година до  12.12.2014 година.
10. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето;
11. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, локалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk

                                                     


ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО
                                                   КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark