Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

Врз основа на Одлуката за  доделување на стипендии на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“, Делчево бр.07-2227/1 од 15.11.2014 („Сл.гласник на Општина Делчево“ бр.28/2014),Комисијата за доделување на ученички стипендии, распишува 

КОНКУРС
за доделување на 6 стипендии на
одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година


1.Општина Делчево ќе додели 6 стипендии на редовни одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II,  III и IV година, во учебната 2014/2015 година, кои ги исполнуваат следните услови:

I.Редовни одлични ученици од II,  III и IV година во учебната 2014/2015 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение
II.Ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или пак социјални случаи.
III.Учениците да се жители на Општина Делчево
IV.Учениците да не се корисници на друга стипендија

 Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми:

I.1.Континуиран просечен одличен успех (4.50 до 5.00)

-континуиран одличен успех (5.00)-50 бода

-континуиран одличен успех ( од 4.50 до 4,99)- 45 бода

I.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка   мерка (вкупно 10 бода)

 
II.1.Семејно-материјалната положба на ученикот

За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

         

 

2.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Барање за доделување на ученичка стипендија (Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)

2. Изјава од родител/старател дека ученикот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)

3. Фотокопија од свидетелства за претходни години;

4. Уверение од Управа за јавни приходи, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година  (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри) за двајцата родители/старатели;

5. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството  за последните 3 месеци;

6. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;

7. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;

8. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;

9. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и веб страница:delcevo.gov.mk)

10. Уверение за жителство

11.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоцитеИзјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и веб страница: www.delcevo.gov.mk)

 

3.Постапка за доделување на стипендии 

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса:
 Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака за „ученички стипендии“;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите  доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Кандидатите кои ќе добијат стипендии и оние кои ќе бидат одбиени, ќе добијат Известување;

5. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.000 денари месечно во траење од  9 месеци во текот на учебната година 2014/2015;

6. На ученикот кој ќе даде лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија, Решението за доделување на стипендија ќе му биде поништено и истиот ќе биде задолжен исплатените  средства по основ на Решението да  ги врати на Општина Делчево;

7. Стипендиите се неповратни;

8. Рок на пријавување од  27.11.2014 година до  12.12.2014 година.

9. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето;

10. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, локалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk

 

                                               

                                                                               ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

                                                

Share/Save/Bookmark