Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Во понеделник (01.12.2014 година), Советот на Општина Делчево ќе ја одржи Дваесет и втората седница. Седницата ќе се одржи во наставничката канцеларија во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, со почеток во 14.00 часот.

 

За седницата е предложен следниот

 Дневен ред

 

  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2014 година за квартал 3 со Заклучок за усвојување;

  2. Предлог-Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Делчево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP);

  3. Предлог-Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2014 година;

  4. 4.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Делчево за 2014 година;

    Образлагач: По точките 1,2, 3 и 4- Анка Христова-раководител на Одделението за финансиски прашања

  5. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“, Делчево;

  6. Предлог- Одлука за доделување на стипендии на редовни студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија и кои постигнале особено висок успех во студирањето;

    Образлагач: Сузана Петровска-Раководител на Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.

  7. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за спорт;

    Образлагач: Дарко Тодоровски-Претседател на Комисијата за спорт;

 Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.


 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Христов



Share/Save/Bookmark