Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 MG_7816_resize

Понеделник, 01.12.2014 во наставничката канцеларија во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, со почеток од 14.00 часот Советот на Општина Делчево ја одржа дваесет и втората седница. 

На седницата покрај усвојувањето на Записникот од 21 седница на Советот на општина Делчево, беа разгледани и усвоени сите седум точки од предложениот дневен ред.
Првите четири точки од дневниот ред беа образложени од страна на г-дин Шабан Багашов, тоа се следните точки:

  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2014 година за квартал 3 со Заклучок за усвојување;

  2. Предлог-Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Делчево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP);

  3. Предлог-Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2014 година;

  4. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Делчево за 2014 година;

Од особено значење е усвојувањето на втората точка од дневниот ред, односно Предлог-Одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Делчево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP)Со оваа Одлука се уредува долгорочно домашно задолжување на Општина Делчево, кое ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, во висина на 19.655.950 денари, а со цел финансирање на капитален инвестиционен проект „Доградба на детска градинка во Делчево“ со која доградба детската градинка „Весели Цветови“ ќе добие четири нови целосно опремени простории кои ги исполнуваат условите за енергетска ефикасност со што капацитетот на градинката ќе се зголеми и ќе се отвори можноста за прием на уште стотина дечиња.

 MG_7821_resize 

По однос на точка 5 од дневниот ред, Предлог-Одлука за доделување на стипендии на талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“, Делчево. Се донесува Одлука за доделување на 6 (шест) стипендии на талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“, Делчево во учебната 2014/2015 годинаСтипендиите ќе се доделуваат на редовни ученици од II, III и IV година со континуиран одличен успех 5.00 кои во претходната учебна година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари. Износот на месечната стипендија е 1000 денари/ученик и учениците истата ќе ја добиваат месечно за период од 9 (девет) месеци во текот на учебната 2014/2015 година. Средствата ќе се издвојуваат од Буџетот на општина Делчево за 2015 година.

Исто така Советот донесе Одлука за доделување на 6 стипендии на редовни студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија и кои постигнале особено висок успех во студирањетоСтипендиите ќе се доделуваат на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) студиска година кои постигнале особено висок успех во учењето од намалку 9,50. Износот на месечната стипендија е 2000 денари/студент и студентите истата ќе ја добиваат месечно за период од 9 (девет) месеци во текот на студиската 2014/2015 година. Средствата ќе се издвојуваат од Буџетот на Општина Делчево за 2015 година.

 MG_7824_resize  MG_7825_resize

По однос на последната седма точка од дневниот ред, формирана е Комисија за спорт со следните членови:

1. Влатко Ристов, претседател
2. Благица Јочевска, член
3. Дарко Тодоровски, член
4. Драган Христов, член
5. Љупчо Атанасов, член

Комисијата за спорт ги разгледува прашањата од областа на спортот и рекреацијата; 
- ги разгледува предлозите за поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови и професионалните спортски клубови регистрирани на подрачјето на општината;
-ги разгледува барањата доставени од спортските клубови на подрачјето на општина Делчево и по нив дава предлози ;
-изготвува и донесува Програма на предлог на општинскиот спортски сојуз;
-утврдува критериуми за распределба на буџетски средства и дава предлози за распределба на истите на спортските клубови;

  MG_7817_resize



 

Share/Save/Bookmark