Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

den na_drvoto

Се известуваат граѓаните на општина Делчево дека утре, Среда (03.12.2014) во Делчево ќе се спроведе есенската акција за пошумување „Ден на дрвото“. Дефинирана локација на која ќе се изврши пошумување согласно насоките од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП „Македонски Шуми“ е место викано МИМИШЕВ ЧУКАР, кој се наоѓа над урбана заедница први реон во Делчево.

 

И оваа година, граѓанската акција за пошумување „Ден на дрвото“ ќе се реализира во партнерство со Владата на Република Македонија, со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со општините и ЈП „Македонски шуми“.

 

Заинтересираните граѓани кои сакаат да се вклучат во акцијата за пошумување треба да дојдат на зборното место пред СОУ „М.М Брицо“ во 8.50 часот од каде што има организирано превоз до локацијата каде ќе се изврши пошумувањето.

Share/Save/Bookmark