Четврток, 04 Декември 2014 09:40
Есенскиот дел од граѓанската акција „Ден на дрвото “ 2014, успешно се спроведе и во општина Делчево. Дефинирана локација на која се изврши пошумување е местото викано Мимишов чукар, над урбана заедница први реон во Делчево, за кое од страна на ЈП „Македонски Шуми“ се обезбедени садници, чемпрез, туи и багрем.
Во исто време на граничниот премин Делчево се реализираше иста таква акција за пошумување на која учество зедоа претставници од ЕЛС Делчево на чело со градоначалникот Дарко Шехтански, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ване Костадинов, претставници од подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство, вработени во ЈП „Македонски шуми“, Граничната полиција како и гостите, претставници од граничната полиција и царината од граничниот премин од страна на Република Бугарија. На меѓуграничниот појас беа засадени дваесетина дрвја од зимзелениот вид дрвја – туи.
И оваа година, граѓанската акција за пошумување „Ден на дрвото“ се реализира во партнерство со Владата на Република Македонија, односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Јавното претпријатие „Македонски шуми“, општините и локалните институции. Оваа акција се спроведува по четиринаесетти пат на ниво на цела држава. Целта е да се зајакне еколошката свет кај населението за значењето на шумите како природно богатство, а воедно и да се потикне населението повеќе да обрне внимание на зачувувањето на шумите и целиот растителен и животински свет и да се спречи нивното уништување.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.