Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1 2

По повод големиот христијански празник Водици, денес со почеток во 09.00 часот во црквата „Успение на пресвета Богородица“ се одржа богојавленска литургија по што со света литија со стотина граѓани од Делчево и околните населени места, верниците се упатија кон мостот на река Брегалница. По чинот на осветувањето на водите на р. Брегалница од страна на свештенослужителите при делчевското архиерејско намесништво крстот беше фрлен. Од триесетина учесници најголема среќа да го фати крстот имаше Винко Златков од с. Габрово, Делчево. Целиот настан го проследија над 3000 верници од Делчево и пошироко.
Општина Делчево годинава за среќниот верник кој го фати светиот крст обезбеди парична награда во вредност од 10 000 енари.
Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа.

3 4

5 10

6 7

8 9



Share/Save/Bookmark