Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

01

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, денес 04.02.2015 година оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански. На средбата присуствуваа и директорот на НУЦК „Н.Ј. Вапцаров“ Делчево г-дин Љупчо Петровски и претседателот на Советот на Општина Делчево г-дин Драган Христов.

IMG 0516_resize 05 razgleduvanje na kino salata resize

Своето доаѓање во Делчево, министерката Канческа – Милевска го искористи да биде дел од неколку настани. Со почеток во 11:00 часот во придружба на градоначалникот и претседателот на Советот на Општина Делчево положија букет свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев по повод 143 годишнината од раѓањето на идеологот на македонското револуционерно движење.
Веднаш по овој значаен културно-историски настан, министерката за култура официјално да ја прогласи за завршена надворешната реконструкција на кино салата во Делчево. Станува збор за целосна реконструкција на фасадата на киносалата со поставување на надворешна изолација како и целосна замена на кровната конструкција со изградба на нова. Директорот на НУЦК“Н.Ј. Вапцаров“ Делчево, г-дин Љупчо Петровски го изрази своето задоволство од соработката и ја искористи можноста да ја запознае министерката со внатрешниот ентериер на киносалата кој е во доста руинирана состојба, со тоа директно упати барање доколку министерството е во можност во иднина во соработка со локалната самоуправа да се уреди и внатрешноста од кино салата со што би се добил едно целосно реконструиран објект кој е од големо значење за Делчево и културата воопшто.

IMG 0603_resize

Во 2014 година се случи еден голем настан, многу значаен како за пијанечкиот крај така и за целата држава Р.Македонија, а тоа е впишувањето на орото копачка во Репрезентативната листа на на нематеријалните културни наследства на УНЕСКО. По тој повод во село Драмче, од страна на министерката Елизабета Канческа – Милевска и во присство на градоначалникот Дарко Шехтански и мноштво граѓани свечено беше отворена Спомен собата на легендата, ороводецот на ФГ „Копачка“ дедо Митко – Димитар Станоевски.

IMG 0599_resize

IMG 0589_resize IMG 0587_resize

Како крај за целодневната работна посета на Делчево, министерката Елизабета Канческа – Милевска го посети и с.Разловци каде што се наоѓа Спомен – домот на Разловечкото востание за кој истотака е најавено дека ќе биде целосно реконструиран и ставен во функција.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 15 Септември 2017, 13.10 од Д.Чапевски
-2017 Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа 2017“, проект „Подобри услуги за подобри луѓе“, да се пријават во...
Објавено на 14 Септември 2017, 14.33 од Д.Чапевски
-20172018  Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 12 Септември 2017, 08.06 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-13-02  Започната е изградба на крак за атмосферска канализација по дел од улица "Македонска" во населбата Милково брдо. Оваа нова линија ќе придонесе кон надминување на неповолната постоечка...
Објавено на 04 Септември 2017, 07.56 од Д.Чапевски
-q-2017q Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на манифестацијата Пијанечки денови на сливата 2017 која ќе се одржи од 07.09.2017,плато пред спомен дом АСНОМ во Делчево. Програма 17:00 часот...
Објавено на 17 Август 2017, 10.51 од Д.Чапевски
2017-08-17-09-56-34 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 10 Август 2017, 08.20 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-23-56 Започнаа главните градежно-оперативни работи за реконструкција на улица "Питу Гули" во населбата Милково брдо во Делчево. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во оваа населба, по која...
Објавено на 09 Август 2017, 08.35 од Д.Чапевски
------q---2017q Граѓаните на Општина Делчево можат да бидат горди на својата преубава традиција. Врвот на планината Голак повторно беше гнездо за починка и рекреација на голем број на добронамерници кои со сета своја...
Објавено на 08 Август 2017, 08.27 од Д.Чапевски
-q-2017q Синоќа се реализираше прекрасна прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017" кој се одржува по 23-ти пат во нашата општина.Главната завршна манифестација ќе се...
Објавено на 27 Јули 2017, 13.53 од Д.Чапевски
----50------ Ве известуваме дека 50 седница на Советот на Општина Делчево која првично беше закажана за 12.05.2017 година, ќе се одржи на 28.07.2017 година (петок) во фоајето на Спомен домот АСНОМ, со почеток во...
Објавено на 21 Јули 2017, 10.39 од Д.Чапевски
10- Матурантите кои на 19.07.2017 година заминаа на заслуженото наградно патување кое го добија како награда од Општина Делчево за постигнатите успеси во рамки на нивното четиригодишно образование во...
Објавено на 20 Јули 2017, 14.53 од Д.Чапевски
2017-07-21-07-02-08 На барање на жителите од УЗ Милково Брдо, поточно жители на ул. Пере Тошев се пристапи кон партерно уредување на јавна површина во овој дел од градот. Уредена е јавна површина со изградба на три пешачки...
Објавено на 19 Јули 2017, 06.37 од Д.Чапевски
2017-07-18-13-51-04 Во раните утрински часови, денес 19.07.2017 година десетте најдобри ученици од IV година за учебната 2016/2017 заминаа на заслуженото наградно  патување низ неколку европски дестинации. Наградното...
Објавено на 17 Јули 2017, 14.24 од Д.Чапевски
-19072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта на 18 јули спрема 19 јули 2017 година, со почеток во 24:00 часот , стручни екипи од ЈЗУ,,Центар за јавно здравје,, Скопје ќе извршат теристичка(од...
Објавено на 14 Јули 2017, 08.44 од Д.Чапевски
2017-07-14-07-51-51 Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13,...
Објавено на 12 Јули 2017, 14.55 од Д.Чапевски
2017-07-12-14-03-41 рз основа на член 23 од Законот за јавните претпријатија(Службен Весник на Република Македонија бр.38/96......39/2016),член 19-а од Законот за именување и дополнување на Законот за јавните претпријатија...
Објавено на 08 Јули 2017, 18.55 од Д.Чапевски
2017-07-10-11-06-23  Денес (Сабота 08.07.2017 година) започнавме со асфалтирање на локален пат во село Драмче. Оваа завршна фаза за реконструкцијата на оваа значајна локална сообраќајница следува по започнатата...
Објавено на 07 Јули 2017, 11.20 од Д.Чапевски
2017-07-10-10-29-56 Како што најавивме пред неколку дена, еве денес (07.07.2017год.) се дојде и до финалната фаза од реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница. Во тек се градежни активности за поставување на нов...
Објавено на 05 Јули 2017, 08.32 од Д.Чапевски
-022017-23062017-            Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за...
Објавено на 04 Јули 2017, 14.39 од Д.Чапевски
2017-07-06-09-43-03 Поради изразито лошата состојба на ул. Кеј на Брегалница, на барање на жителите кои гравитираат во овој дел од градот се започна со реконструкција на оваа улица. Изминатите неколку денови се работеше на...
Објавено на 19 Јуни 2017, 13.16 од Д.Чапевски
-012017-07062017- Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес91
mod_vvisit_counterВчера1150
mod_vvisit_counterОваа недела3475
mod_vvisit_counterПретходна недела5448
mod_vvisit_counterОвој месец15840
mod_vvisit_counterПретходен месец25368
mod_vvisit_counterВкупно1668114

Присутни online: 21
Ваша IP: 54.224.230.51
,
Денес: Сеп 22, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.