Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 0965_resize

Денес, Среда (12.03.2015) во просториите на Општина Делчево на 17 авто-такси возачи од Делчево им беа  доделени Сертификатите за автотакси возач.

Ова е резултат на претходно спроведената постапка за  стекнување со сертификати во која беше вклучена соодветна обука која се реализираше во периодот од 18.02.2015 до 20.02.2015 во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево.

По успешно спроведената обука од странаа на овластената фирма - АСУЦ „Боро Петрушевски“- Скопје,  од страна на градоначалникот Дарко Шехтански беше формирана Комисија во состав од 5 члена, од кои 3 члена се претставници од Општина Делчево и 2 члена претставници од авто-такси превозниците од  Делчево. Комисијата беше задолжена директно да го следи процесот на полагање за сертификат за авто-такси возач, кој се одржа на ден 02.03.2015 година исто така во просториите на ООУ„Ванчо Прке“ Делчево.

 Потребата од стекнување на сертификат за авто-такси возач произлегува од суштинските измени во Законот за превоз во патниот сообраќај и сертификатот е задолжителен и тој е еден од условите за добивање на лиценца за вршење на авто такси превоз.

IMG 0952_resize IMG 0957_resize

IMG 0963_resize

Share/Save/Bookmark