Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Општина Делчево во соработка со основните училишта ООУ„Ванчо Прке“, ООУ„Св. Климент Охридски “, гимназијата СОУ„М.М. Брицо“, детската градинка ЈУДГ„Весели Цветови“, Центарот за јавно здравје како и здруженија на граѓани го изготвија планот за активности  за „АПРИЛ месец на јавното здравје“.

Во рамки на овој план предвидени се низа активности во кои е опфатена различна тематика како што се организирање на трибини во кои ќе се разгледуваат најразлични теми поврзани со здравјето на луѓето, низа на спортски настани и активности како и едукативни предавања.

Кординативното тело во состав од претставници од сите засегнати страни го претставија следниот план за активностите за „АПРИЛ месец на јавното здравје“ а термините  на одржување  ќе бидат точно дефинирани дополнително и јавноста ќе биде благовремено известена:

1.Одржување на трибина на тема „Заболувања на тироидната жлезда“ предавач м-р Мице Бошкоски, фоаје на Спомен дом АСНОМ, организатор Општина Делчево;

2.Одржување на едукативни предавања на учениците од IX одделение на тема „Сексуално репродуктивно здравје“ предавач примариус д-р Јелица Стојковска, место на одржување во основните училишта во градот, организатори се основните училишта и Општина Делчево;

3.Одржување на традиционален натпревар во трчање – крос за учениците од основните училишта под мотото  „Здравјето пред се“, место на одржување е „Градски стадион Делчево“ организатори се наставниците по физичко образование  во основните училишта, (секое училиште одредува на која дата ќе ја спроведе активноста);

4.Одржување на манифестацијата „Велигденска трпеза – Здрава храна“ датум на одржување е традиционално на третиот ден од Велигден, годинава настанот ќе се одржи на 14.04.2015 година. Доколку се погодни временските услови настанот ќе се реализира во на платотот пред Спомен дом АСНОМ, во спротивно секое училиште засебно си организира во сопствените простории. Организатори се основните училишта, детската градинка и Општина Делчево;

5.Крводарителска акција под мотото „АПРИЛ месец на јавното здравје“ во просториите на Црвен крст. Организатори се Црвен крст и Општина Делчево;

6.Одржување на трибина на тема „Здрава исхрана“, предавач нутриционист, место на одржување фоаје на Спомен дом АСНОМ, организатор Општина Делчево;

7.Спортски натпревари во повеќе дисциплини, место на одржување Спортска сала во СОУ „М.М Брицо “ Делчево, органиатор СОУ „М.М. Брицо “ Делчево.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Јуни 2017, 13.16 од Д.Чапевски
-012017-07062017- Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник...
Објавено на 09 Јуни 2017, 00.00 од Д.Чапевски
2017-06-22-13-39-39  По реконструкцијата со нов асфалт во должина од околу 240 метри на крак од улица М.М. Брицо кој се протега помеѓу старото собрание на Општина Делчево и ЈЗУ Здравствен дом "Гоце Делчев" Делчево...
Објавено на 08 Јуни 2017, 13.00 од Д.Чапевски
2017-06-08-12-09-10  Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” во рамки на годишата програма за културни настани и учество на културни манифестации вчера, 07.06.2017 година настапи на летната сцена...
Објавено на 05 Јуни 2017, 14.29 од Д.Чапевски
------2016 Во рамки на програмата општинско – корисна работа 2016 која се имплементираше од страна на Општина Делчево во соработка со АВРМ и МТСП финансиски подржана од УНДП во период од септември 2016 до март...
Објавено на 05 Јуни 2017, 11.36 од Д.Чапевски
-e- Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека во рамките на ИПА проектот: “Изработка на проектни студии (Студија за изводливост, Оцена на влијание...
Објавено на 24 Мај 2017, 11.32 од Д.Чапевски
2017-05-25-10-47-15  Денес , 24.05.2017 година,  Делчево го празнува својот патрон празник- Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Настанот за одбележување на патрониот празник...
Објавено на 19 Мај 2017, 00.00 од Д.Чапевски
-20-   Во петок (19.05.2017 година) во просториите на ТППЕ Делчево се одржа пригодна прослава по повод  „Светскиот ден на пожарникарите“. И годинава  на предлог на командирот на ТППЕ Делчево...
Објавено на 15 Мај 2017, 08.43 од Д.Чапевски
-141-   Огромен број на гости вчера (14.05.2017 година) присуствуваа на чествувањето на 141 годишнината од кревањето на Разловечкото востание. Настанот се одржа во дворот на црквата Св. Цар Константин и...
Објавено на 12 Мај 2017, 08.26 од Д.Чапевски
2017-05-25-07-32-27 Учениците Никола Џабирски, Даме Стоиловски и Давид Ристовски под менторство на проф. Билјана Ивановска како прво пласирани на оштинскиот натпревар по Сообраќајно техничка култура на младите, на  11...
Објавено на 11 Мај 2017, 13.24 од Д.Чапевски
-50- Педесетата седница на Советот на Општина Делчево која беше закажана за 12.05.2017 година (петок) со почеток во 14:00 часот се одлага на неодредено време. Седницата се одлага бидејќи одлуките донесени на...
Објавено на 09 Мај 2017, 10.35 од Д.Чапевски
-9-   Со полагање на букети со свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ, денеска беше одбележан  9-ти мај - Денот на Европа како и 72 години од победата над фашизмот. Букети со...
Објавено на 08 Мај 2017, 13.05 од Д.Чапевски
-50- Седницата ќе се одржи на 12.05.2017 година (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од 49.седница 1.Предлог-Одлука...
Објавено на 04 Мај 2017, 11.11 од Д.Чапевски
-114-   04.05.2017 година со почеток во 10:00 часот пред споменикот на Гоце Делчев во центарот во Делчево со пригодна програма се одбележа 114 годишнината од смртта на великанот на македонската...
Објавено на 28 Април 2017, 19.01 од Д.Чапевски
2017-05-12-08-07-17  Во изминатите неколку дена на територијата на општина Делчево се изврши како изградба така и реконструкција на улици на неколку локации.Во населбата Ѕвегорска река се изгради пристапната улица П12...
Објавено на 27 Април 2017, 18.44 од Д.Чапевски
2017-04-28-07-53-54 Започна замената на уличните живини светилки со штедливи ЛЕД диоди на собирните улици во Општина Делчево и тоа: Ново Делчево  - Орце Николов, Кеј на Ослободување, Скопска, Прв реон - Голачка,...
Објавено на 26 Април 2017, 10.58 од Д.Чапевски
---12---- После асфалтирањето на дел од улица бр.2 во населбата Ѕвегорска река кое се изврши во месец Ноември 2016 година кога беа асфалтирани 75 метри од оваа улица, вчера беше асфалтирана уште една улица во...
Објавено на 25 Април 2017, 12.39 од Д.Чапевски
-2017 Општинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќјно техничка култура на младите“ оваа година се одржаа во ООУ Ванчо Прќе во Делчево. Натпреварувачките екипи беа ООУ „Св.Климент Охридски“...
Објавено на 06 Април 2017, 07.58 од Д.Чапевски
2017-04-06-07-03-26  На барање на жителите на Урбаната заедница 1ви Реон  деновиве екипи од ЈПКД „Брегалница“ активно работат на реконструкција на дел од пешачка зона меѓу улиците Солунска и Јане Сандански. ...
Објавено на 04 Април 2017, 08.19 од Д.Чапевски
-49- Седницата ќе се одржи на 11.04.2017 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.           За седницата e предлoжен следниот Дневен...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес496
mod_vvisit_counterВчера925
mod_vvisit_counterОваа недела2473
mod_vvisit_counterПретходна недела7888
mod_vvisit_counterОвој месец30237
mod_vvisit_counterПретходен месец36049
mod_vvisit_counterВкупно1586290

Присутни online: 15
Ваша IP: 54.81.96.11
,
Денес: Јун 28, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.