Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

2

На 24.04.2015 година со почеток во 18.00 часот во фоајето на Спомен дом „АСНОМ“ – Делчево се одржа трибина на тема „Болести на тироидната жлезда“. Предавач на трибината беше М-р Д-р Мице Бошкоски, Специјалист по интерна медицина.

Во своето излагање пред присутните, д-р Бошковски го истакна огромното значење на тироидната жлезда за човековиот организам, начинот на кој таа функционира и меѓусебната поврзаност на тироидната жлезда со работата на другите органи во човековото тело.

Посебно беше потенцирано дека во последните години во општините Делчево и Македонска Каменица е забележан раст на заболувањата на тироидната жлезда што е алармантно и треба да се обрне особено внимание со цел да се откријат причините за енормно зголемениот број на пациенти со здравствени проблеми поврзани со тироидната жлезда.

Оваа трибина е дел од планот за активности  за „АПРИЛ месец на јавното здравје“ кој се реализира во месец Април со соработка на Општина Делчево и училиштата во општината, детската градинка, Центарот за јавно здравје како и здруженија на граѓани.

1 3

 

Share/Save/Bookmark